Информации за испорака

  1. Испорака на стоката се врши под следниве услови:

    1. Стоката се доставува со соодветно превозно средство до првата врата од адресата на купувачот (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда)

    2. Растовар од транспортното средство со кое се испорачува стоката и вертикален транспорт (по скали, на катови од куќа, зграда или слично) не е вклучен во цената и не е можно да се организира од страна на испорачателот.

    3. Нарачаната стока се достава во термин одреден од испорачателот на производите Интегра Ненад дооел Скопје

    4. Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од страна на вработен во Интегра Ненад дооел наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

    5. Купувачот ќе биде телефонски контактиран најмалку 24 часа пред испорака на стоката како би бил во можност да организира прием на стоката. Примачот на пратка ќе биде известен со телефонско јавување или смс порака.

    6. Не се извршува превоз и испорака на нарачана стока во неработни денови (Недела и празници).

    7. При нарачката да се наведат точни податоци: податоци за Праќачот и Примачот, информации за пристапноста со возило до местата на прием и испорака. Пратките не се испорачуваат на адреси пријавени од страна на купувачот до кои не постои асфалтиран пат и улици потесни од 3метра.

    8. Пратката се прима исклучиво со документ за идентификација лично на нарачателот на стоката.

    9. Времето на задржување на транспортното средство при достава на пратка не смее да биде подолго од 60 минути.

    10. При приемот на стоката, нарачателот на стоката има должност да квалитативно и квантитативно ја прегледа стоката, нејзината исправност, роковите за употреба кои треба да бидат валидни во моментот на приемот и да истите ги спореди со документот кој ја прати испораката на стоката (испратница-фактура) како и со потврдата за нарачаната стока. Доколку нарачателот на лице место утврди одредени недостатоци има право да не изврши прием само на дел од нарачката која има недостатоци или не одговара на нарачката. За истото се изготвува записник за поврат на стоката.

    11. Кога Примачот одбива да ја прими пратката (од неоправдани причини), испорачателот го задржува правото да ја врати пратката назад и да не изврши поврат на уплатените средства.

    12. Испорачателот на стоката има право да не изрши достава до врата на места на кои: нема пристап и паркинг за возилото со кое се врши услугата, се наоѓа во зона забранета за сообраќај за возилото со кое се врши услугата, се наоѓа надвор од места каде се даваат услугите, местото е различно од она кое е пријавено при нарачката или при праќањето на пратката.

    13. Вредноста на испораките е утврдена од страна на испорачателот и е зависна од вредноста на нарачката и истоварното место. За таа намена достапна е табела за трошоци на испораката за секој град-регион во Македонија. Трошокот на испораката е видлив при правење на нарачката и истиот се плаќа при самата нарачка.

    14. Во случај на спор надлежен е Основен Суд – Скопје


За нас

Профи Маркет е синџир на малопродажни објекти за разни градежни материјали. Постоиме од 2000-та година и сме лоцирани на 3 продажни места во Скопје. Истовремено во можност сме да ги испорачаме Вашите нарачки на било која локација на територијата на Македонија. Специјализирани сме за материјали за сува градба, гипс картон плочи и системи, фасадни системи, покривни материјали, хидро и термо изолации, бои и лакови, рачен и електричен алат, подополагачки материјали и друго.

Повеќе..

Контакт

  • +389 2 2467267
  • +389 2 2467270
  • integra.skopje@gmail.com

Facebook

Профи Маркет © 2019. UKION SHOPS